ТРИАНГЛА оваа есен ги отвора вратите кон ново урбано искуство – хотел, шопинг, гастрономија и забава на едно место во Скопје.
Хотел, шопинг, гастрономија и семејни содржини на едно место
Скопје оваа есен добива нова мултифункционална урбана дестинација – ТРИАНГЛА, современ комплекс во општина Гази Баба, со директен пристап од булеварот „Александар Македонски“.
На површина од 15.000 м², ТРИАНГЛА обединува шопинг парк, Three Corners Hotel со 43 соби, ресторан, деловен и конференциски простор, кровна тераса, спа и велнес зона, како и содржини за деца и семејно дружење. Комплексот располага и со подземен паркинг со повеќе од 200 места.
Концептот е инспириран од современите европски отворени трговски комплекси и е создаден како место за секојдневен шопинг, одмор, гастрономија, деловни средби и дружење.
Брендови на едно место
Во ТРИАНГЛА веќе се присутни брендови од различни категории, меѓу кои Pepco, Sinsay, LC Waikiki, Eurofarm, Office Plus, Sara Fashion, Tehnomarket, Sportlab, Biana Shoes, Aura d’Or Perfumes, SPAR и Terra Restaurant.
„Нашата визија е да создадеме простор кој ќе понуди повеќе содржини на едно место и ќе одговори на различните потреби на современиот посетител“, изјави инвеститорот Кире Стефанов, истакнувајќи дека ТРИАНГЛА е замислена како современа и пријатна градска дестинација за посетители од Скопје и целата држава.
Проектот претставува значајна приватна инвестиција со потенцијал за отворање нови работни места, поддршка на локалниот бизнис и дополнителна економска активност.
За комерцијализацијата на проектот е задолжена FORTONMKA, Alliance Partner на Cushman & Wakefield за Северна Македонија, како ексклузивен агент за издавање на комерцијалниот простор.
ТРИАНГЛА ОТВОРА ОВАА ЕСЕН
Со својата комбинација од хотел, шопинг, вкус и дружење, ТРИАНГЛА носи нов концепт на урбано секојдневие во Скопје.
Повеќе од шопинг. Нова дестинација за секој ден.